Мадуро: Сноуден нема поднесено барање за политички азил во Венецуела

Од:

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, нема поднесено барање за политички азил до властите на Венецуела, изјави вчера претседателот Николас Мадуро.

Мадуро, при пристигнувањето во официјална посета на Хаити, нагласи дека колку што е тој запознаен Сноуден има побарано азил од Еквадор, но нема упатено барање до Венецуела.

– Ако такво барање пристигне, ние исто така ќе го разгледаме, бидејќи политичкиот азил во секој случај е мерка на хуманитарна заштита, истакна венецуелскиот претседател.

Според него обезбедувањето политички азил во земјите од Латинска Америка има долгогодишна традиција.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска