Претседателот на Венецуела Николас Мадуро денеска изјави дека опозицијата води психолошка војна против економската стабилност на земјата и дека властите тоа нема мирно да го следат.
Мадуро, во своето обраќање на телевизијата „Венесолана де Телевизин“, предупреди дека, доколку опозицијата во октомври не престане со субверзивните активности, ќе преземе специјални мерки со цел за транзиција во нова фаза на Боливарската револуција.
Претседателот ги повика граѓаните и членовите на владејачката Обединета социјалистичка партија и армијата да му пружат целосна поддршка во борбата против „економската војна што ја води буржоазијата“.
– Ако продолжи војната против народот, тогаш со помош на Уставот, граѓаните и војската ќе почнеме транзиција во нова фаза на револуцијата, изјави Мадуро.