Претседателот на Венецуела Николас Мадуро доцна синоќа прогласи победа на локалните избори, обележани со бојкот на главните опозициски партии, кои најверојатно нема да учествуваат на претседателските избори во 2018 година.
– Победивме во повеќе од 300 од вкупно 335 општини, изјави Мадуро на митингот во Каракас по затворањето на гласачките места.
Изборната комисија соопшти дека одзивот на гласачите бил 47,32 отсто и дека владејачката Социјалистичка партија победила во 20 поголеми градови во Венецуела.