Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека понекогаш преноќува во Музејот на револуцијата каде е погребан Хуго Чавес, претходниот претседател на таа латиноамериканска држава кој почина во март.
Изјавата ја даде неочекувано во телевизиската програма Боливарски дијалози.
– Понекогаш одам таму навечер да размислам и останувам преку целата ноќ, изјави Мадуро.
Додаде дека повеќето жители на квартот знаат за тоа. Венецуелските власти го погребаа телото на Чавес во Музејот иако претходно најавуваа дека телото ќе биде бласамирано и изложено во тој Музеј.