Мадуро положи заклетва како претседател на Венецуела

Од:

Николас Мадуро положи заклетва како претседател на Венецуела, пренесоа светските агенции.

Опозицијата ја бојкотира церемонијата на која присуствуваа 17 странски лидери, меѓу кои претседателот на Бразил, Дилма Русеф, на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, кубанскиот лидер Раул Кастро и аргентинскиот претседател Кристина Фернандес де Кирхнер, јавува ДПА.

Тробојната претседателска лента и другите симболи на шефот на државата на Мадуро му беа врачени од Марија Габриела Чавес, ќерката на неговиот претходник Уго Чавес, кој почина на 5 март, пренесуваат руските медиуми.

Преносот од стапувањето на должноста за кратко време беше прекинат додека припадниците на безбедносните служби од Националното собрание (венецуелскиот парламент) не го извадија момчето со црвена кошула, кој дотрча до бината и Мадуро го турна за време на неговото обраќање.

Улиците на венецуелската престолнина беа полни со демонстранти, поддржувачи на опозицискиотт кандидат Енрике Каприлес, кој тврди дека победата на Мадуро е незаконска.

Поддржувачите на новиот претседател одговорија, исто така, со организирање демонстрации, додава ДПА.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот