Мадуро: Надминат спорот меѓу Врховниот суд и Парламенот на Венецуела

Од:

Националниот одбранбен совет на Венецуела го повика Врховниот суд, кој пред неколку дена ги презеде овластувањата од Парламентот, повторно да ја разгледа оваа одлука, а венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, рано утринава изјави дека е надминат спорот меѓу Врховниот суд и Националното собрание, пренесоа британските медиуми.

Агенциите наведуваат дека по потегот на Врховниот суд во земјата следеле протести и меѓународна осуда на одлуката.

Американските медиуми пренесуваат дека Мадуро, кој претседаваше со седницата на Националниот одбранбен совет, од Врховниот суд побарал повторно да ја разгледа одлуката.

Тој наведе дека го поддржува тоа „со цел да се одржи уставната стабилност“.

Голем број противници на социјалистичкиот лидер на Венецуела вчера го блокираа автопатот во престолнината Каракас на почетокот на тоа што активистите го најавуваат како постојани улични протести против властите, пренесоа британските медиуми.

-Денеска во Венецуела, ние се пробудивме и ги блокираваме улиците, рече опозицискиот пратеник Мигел Пизаро.

Агенциите наведуваат дека тој бил опколен од маса народ кои извикувале пароли и вееле знамиња во текот на протестот на автопатот против, како тврдат, „диктаторскиот режим на Мадуро“.

Американскиот Стејт департмент во четвроткот го осуди Врховниот суд на Венецуела заради преземање на функцијата на Национално собрание на оваа земја, соопштувајќи дека тоа е „сериозна пречка за демократијата во Венецуела“.

И многу латиноамерикански земји изразија остро несогласување со неа.

Највисокиот суд на Венецуела во средата вечерта соопшти дека ја прзема улогата на Национално собрание, во одлуката која на претседателот Мадуро му овозможува да склучува заеднички нафтени договори без конгресно одобрување, наведуваат британските медиуми.

Мадуро денеска изјави дека е подготвен да преговара со опозицијата, за да се најде излез од политичката криза, што избувна по одлуката на Врховниот суд за преземање на контролата врз Парламентот, пренесоа американските медиуми.

Венецуелската опозиција, која има мнозинство во Националното собрание, одлуката на Врховниот суд ја оцени како преврат.

Во говор на државната телевизија Мадуро изјави дека верува дека конфликтот може да се разреши преку дијалог и „по уставен пат“.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски