Мадуро ќе положи заклетва за нов венецуелски претседател

Од:

Потпретседателот на Венецуела Николас Мадуро ќе положи вечерва заклетва со која официјално ќе преземе функција шеф на државата до изборите за нов претседател на таа држава, соопшти претседателот на венецуелскиот парламент Диосдадо Кабело.

Мадуро (50) потпретседател во администрацијата на Уго Чавес кој почина од рак во вторникот, ќе ја предводи државата до претседателските избори кои според Уставот мора да се одржат во рок од еден месец.

Погребот на Чавес, на кој се најавени 33 шефови на држави или влади, ќе биде в петок наутро по локално време. Мадуро веќе најави дека телото на починатиот лидер на таа држава ќе биде изложено во стаклен ковчег во Музејот на револуцијата. Чавес беше на власт 14 години.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот