Мадуро: Ќе го победам споулавеното малцинство

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро синоќа изјави дека ќе го победи „споулавеното малцинство“ кое сака да ја дестабилизира државата.

За време на церемонијата по повод шестгодишнината од смртта на поранешниот претседател Уго Чавез, Мадуро ги повика сите негови приврзаници да се придружат на „анти-империјалистичките“ демонстрации, кои ќе се одржат напоредно со опозицискиот протест на 9 март.

Лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо претходно рече дека преговара со синдикатите за со штрајкови да се парализира јавниот сектор.

Гуаидо, кого најголемиот дел од западните демократии го признаа за привремен претседател на Венецуела, во понеделникот се врати во Каракас без проблеми, иако имаше стравување дека ќе биде уапсен што се врати во земјата.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски