Мадуро: Кина, Русија, Индија и Турција ни помагаат да не зависиме од нафтата

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, денеска им изрази благодарност на експертите од четири земји кои помагаат во развојот и реструктирањето на стопанството на оваа латиноамериканска држава.

-Благодарам за целокупната помош што ни ја дава Кина, за советите на стручњаците кои ни помагаат во примената на нашата економска програма. Им благодарам на руските стручњаци, кои оддржуваат дијалог и консултации со нас. Исто така, им се заблагодарувам на стручњаците од Индија и Турција, порача Мадури во говорот што беше пренесуван на „Перископ“, апликација за мобилни телефони за видео стриминг во живо.

Руските медиуми пренесуваат дека Мадуро кажал дека Венецуела почнала реструктуирање на економијата за да ја укине зависноста од приходите што доаѓаат од продажбата на нафата.

-Имавме деформиран економски модел што не доведе во зависна позиција, рече тој.

Мадуро уште и додаде дека Венецуела сега ќе се фокусира на развојот на земјоделието и индустрискиот сектор.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски