Мадуро ја повикува венецуелската опозиција да учествува на изборите

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ја повика опозицијата во таа земја да номинира кандидати за парламентарните избори во 2020 година.

– Номинирајте ги вашите кандидати. Ќе ги решиме проблемите на Венецуелците на парламентарните избори и не е важно кој ќе победи, рече Мадуро за време на настан, кој се пренесуваше на неговиот профил на Твитер.

Во исто време, Мадуро призна дека ситуацијата со ширењето на коронавирусот може да ги попречи изборите. – Изборите треба да се одржат оваа година, ако дозволи пандемијата, рече тој.

Владата на Венецуела ги објави првите два случаи на коронавирус во земјата на 13 март, а во истиот ден беше прогласена вонредна состојба. На 17 март Мадуро објави одлука за воведување карантин низ целата земја. Од 13 мај, во Венецуела се регистрирани 440 случаи на инфекција, при што починаа најмалку 10 лица.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски