Мадуро ја обвини опозицијата за „економска војна“ во Венецуела

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро вината за уверливиот пораз на неговата Обединета социјалистичка партија (ПСУВ) на вчерашните парламентарни избори ја најде во „економската војна“ што, според него, ја предизвикала опозицијата во земјата.

Мадуро го призна поразот, но изјави дека опозицијата создала „хаос“ во Венецуела пред изборите, за да може да дојде на власт.

Според се уште нецелосните резултати, блокот опозициски партии на центарот и десницата досега имаат обезбедено 99 пратенички места, во венецуалескиот Конгрес, кои има 167 пратеници.

Владеачката ПСУВ го доживеа својот најтежок пораз, откако Уго Чавез ја формираше партијата во 1999 година, освојувајќи засега само 46 пратенички места. Останува да се верификуваат уште местата на 22 пртеници, но конечните резултати нема битно да ја изменат распределбата на силите во новиот Конгрес.

– Нашата партија ги бранеше интересите на обичните луѓе, а јас сакав да ја комплетиран „Боливарската револуција“ што ја замисли и започна Чавез, изјави Мадуро.

Гласачите на опозицијата, како и нејзините лидери во текот на целата ноќ воодушевено ја прославуваа големата победа, со која се прекинува безмалку 20-годишното управување на левичарските социјалисти со земјата.

– Резултатите се надеж за Венецуела и секако победа на земјата, изјави водечкитот опозициски политичар Енрике Каприљес, кој на последните претседателски избори му беше главниот противкандидат на Николас Мадуро.

Шефот на опозицискиот блок партии Хесус Тореалба, порача дека Венецуела барала промени и дека тие дошле со оваа изборна победа.

Во текот на предизборната кампања, опозициските кандидати ја обвинуваа власта за лошо водење на домашната економија, за користење на нафтата за политички цели и за воведување на авторитативна власт.

Опозицијата ја обвинуваше власта во земјата за прогонување на опозициските политичари, посочувајќи дека пред неколку месеци, Леополдо Лопез беше осуден за „потикнување улично насилство“ на 13 години затвор, иако независните набљудувачи оценуваат дека станува збор за „политички мотивирано судење“.

Аналитичарите во Каракас сметаат дека Мадуро, чиј мандат трае до 2019 година, ќе се обиде да ги ограничи овластувањата на Конгресот, со цел и натаму да ја има контролата врз земјата и да може да ја спроведува досегашаната политика.

Тие сепак предупредуваат дека земјата, иако богата со нафта, се наоѓа пред економски колапс, па дека затоа се потребни итни промени.

Инфлацијата се искачи до 100 отсто, а бруто домашниот производ годинава е намален за 10 отсто, со проекција и во следната, да се намали за уште шест отсто. Земјата се соочува со невработеност од над 18 отсто, но најголемиот проблем е што богатата со нафта Венецуела, нема пари за да обезбеди нормално снабдување за населението.

Во земјата има постојан недостиг од основните суровини, како млеко, ориз, пченкарно брашно, масло за готвење, кафе и шеќер, сите производи што во Јужна Америка ги има во изобилство и кои едно време беа извозни производи на Венецуела.

Владата се оправдува со падот на цената на нафтата, но критичарите го обвинуваат Мадуро за спроведување на „социјалистичка економија“, за популистичко управување за да им се додворува на сиромашние гласачи и за извоз на нафтата, за „идеолошки потреби“, како што е случајот со Куба.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски