Мадуро им се закани на демонстрантите и на опозицијата

Од:

Новоизбраниот претседател на Венецуела Николас Мадуро им се закани на „фашистите“ и на домашната „жолта буржоазија“ со, како што рече, „железна тупаница“ доколку продолжат насилствата и уличните немири по претседателските избори, чии резултати опозицијата не ги признава.

Мадуро, близок соработник и сојузник на починатиот претседател Уго Чавез, кого тој го именува за свој наследник, победи на првите избори по 20 години без Чавез, со минимална разлика во гласовите. Опозицијата и нејзиниот лидер Енрике Каприлес ги обвинија „чавистите“ за фалсификување на изборите и за крадење на околу 300 илјади гласови.

Каприлес побара од државната изборна комисија пребројување на „спорните гласови“, но таа го отфрли приговорот и го прогласи Мадуро за нов преседател на Венецуела. Опозицијата во понеделникот организира масовни протести против „изборниот грабеж“, кои потоа се претворија во улично насилство.

Според локалната полиција, седум лица загинаа во нередите, а други 60 се полесно и потешко повредени.

Мадуро ја обвини опозицијата за насилствата, нарекувајќи ги демонстрантите „фашисти“ кои сакаат да извршат пуч за соборување на неговата власт. Новиот претседател ја обвини и „жолтата буржоазија“ во редовите на опозицијата за намерите да ја смени власта во земјата, мислејќи на луѓето кои живеат во полуксузните квартови на Каракас и во реоните каде се домашните богаташи кои протестираа против Мадуро, создавајќи врева од терасите на нивните станови и куќи, тропајќи со лонци и тенџериња.

По крвавите нереди, Каприлес го откажа најавениот протестен марш низ Каракас, согласувајќи се за дијалог со власта, но за насилство и за жртвите тој ги обвини приврзаниците на Мадуро, за кои вели дека се уфрлиле меѓу демонстрантите на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот