Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и подари стан на една жена која врз него фрли манго.
Мадуро, кој е поранешен возач, минатата недела ја посетил сојузната држава Арагва со автобус кој сам го возел. Од насобраниот народ една жена фрлила манго врз автобусот, а на овошјето било напишано нејзиното име и телефонскиот број.
– Марлени Оливо. Ако можете, јавете ми се, пишувало на мангото.
Мадуро подоцна разбрал дека жената има проблем со куќата и одлучил да и додели државен стан.
За време на посетите низ земјата Мадуро собира секакви петиции и жалби од граѓаните.