Мадагаскар е на работ на глад предизвикан од климатските промени

Од:

Според Обединетите нации, Мадагаскар е на работ да го доживее првиот „глад во светот поради климатските промени“. ОН посочува дека десетици илјади луѓе веќе страдаат од „катастрофално“ ниво на глад и неизвесност за храна по четири години без дожд.

Сушата, најлоша во последните четири децении, ги опустоши изолираните земјоделски заедници на југот на земјата, оставајќи ги семејствата да се хранат со инсекти за да преживеат.

– Ова се услови слични на глад и се предизвикани од климата, а не од конфликти, рече Шели Такрал од Светската програма за храна при ОН.

ОН проценуваат дека 30.000 луѓе во моментов го доживуваат највисокото меѓународно признато ниво на неизвесност за храна – петто ниво – и постои загриженост дека бројот на погодени би можел нагло да се зголеми кога Мадагаскар ќе влезе во својата традиционална „слаба сезона“ пред жетвата.

– Ова е случај без преседан. Овие луѓе не направија ништо за да придонесат за климатските промени. Тие не согоруваат фосилни горива, а сепак го носат товарот од климатските промени, рече Такрал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар

Шест жртви на циклонот Бацирај во Мадагаскар

Ана Ололовска