Мачка веќе 15 години е почесен градоначалник на град во Аљаска, пишува италијанскиот весник „Корере дела сера“.
Мачорот Стобс бил избран за почесен градоначалник на градот Талкитна како израз на протест.
Пред 15 години на изборите за градоначалник се пријавиле повеќе кандидати, но ниту еден од нив не им се допаднал на жителите на градот.
Тогаш тие ја поднеле кандидатурата на мачорот и подтготвиле гласачки ливчиња, на кои било и неговото име.
Почесниот градоначалник предизвикува голем интерес кај туристите, кои доаѓаат од целата земја за да се сретнат со него.