МААЕ ќе испрати мисија во Чернобил

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека се подготвува да испрати мисија во Чернобил, каде што се наоѓаат нуклеарната централа и складиштето за радиоактивен отпад.

– МААЕ се консултира со украинските власти за испраќање помош и тим за поддршка во Чернобил во следните неколку дена, соопшти денеска МААЕ.

Украинската агенција за нуклеарна енергија претходно објави дека Чернобил повторно е во украински раце.

Новинарот на „Волстрит џурнал“ објави документ што се чини дека значи дека е постигнат договор меѓу украинската и руската страна за повлекување на руските сили и предавање на областа околу нуклеарната централа Чернобил назад во украински раце.

Претходно украинската агенција објави дека Русите се повлекуваат од областа Чернобил.

Русите го освоија Чернобил во првите денови од инвазијата врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина