Лут: Нема простор за ширење на НАТО, тоа ќе ја дестабилизира Русија

Од:

Американскиот амбасадор при НАТО Даглас Лут смета дека нема простор за ширење на НАТО во блиска иднина поради стравот дека тоа ќе ја дестабилизира Русија, пренесува Танјуг. 

Западните медиуми наведуваат дека проширување на НАТО би можело да ја разочара Грузија и голем дел од балканските земји, потсетувајќи дека во декември минатата година Црна Гора беше повикана во членство, во првото проширување после 2009 година.

 – Зборувајќи практично, сметам дека нема многу простор во скоро време, во наредните неколку години можеби, за дополнително ширење на НАТО, наведе Лут на Аспеновиот безбедносен форум во Лондон. 

Тој оцени дека „Русија игра важна улога во стратешкото опкружување“ и дека „стратешкото опкружување ќе го закочи ширењето на НАТО“. 

– Ако го земеме предвид она што е претходно кажано,  за внатрешните слабости на Русија и можното постојано пропаѓање, не би имало поента сега да ја туркаме уште понатаму и можеби да го забрзаме или дестабилизираме тоа пропаѓање, нагласи Лут.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО