Луксембург има најмногу автомобили по жител во Европската Унија

Од:

Луксембург веќе 30 години бележи највисока стапка на моторизација меѓу членките на ЕУ, соопшти денеска Евростат, на Светскиот ден без автомобили. Во 2019 година, Луксембург имаше 681 патнички автомобили на 1.000 жители. Речиси една петтина од автомобилите што се возат во Луксембург се „помлади“ од две години.

На второ место е Италија, со 663 автомобили на 1.000 жители, потоа Кипар (645), Финска и Полска (642). Најмалку автомобили на 1.000 жители имаат Романија (357), Летонија (381) и Унгарија (390).

Во 2019 година, Германија имаше најмногу регистрирани патнички автомобили, 48 милиони, потоа Италија со 40 милиони и Франција со 32 милиони.

Од 2015 година, најголем пораст на бројот на регистрирани автомобили е забележан во Романија, за 34 отсто, потоа Литванија, Унгарија, Словачка и Полска.

Бугарија е единствената земја -членка на ЕУ во која се регистрирани помалку автомобили во 2019 година во споредба со 2015 година, за 11 отсто.

Во 2019 година, Полска имаше најголем процент на автомобили „постари од 20“, 37,9 проценти. Потоа следуваат Естонија (31,5 проценти), Финска (26,9 проценти) и Литванија (22,6 проценти).

Уделот на поновите автомобили, „помлади“ од две години, беше највисок во Ирска (28,8 проценти), Луксембург (23,7 проценти), Белгија (22,9 проценти) и Данска (22,6 проценти).

Иако вкупниот број автомобили се зголеми во речиси сите земји -членки на ЕУ во текот на изминатите пет години, автомобилите со алтернативно гориво, како што се хибридните автомобили, сепак сочинуваат мал процент.

Процентот на нови автомобили што користат алтернативни горива беше највисок во Холандија (14 проценти), Ирска (12,6 проценти) и Полска (11,7 проценти).

Најголемо учество на нови бензински автомобили е регистрирано во Холандија, Финска и Естонија, а Хрватска, Литванија и Ирска имаа најголем процент дизел возила.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он