Лукашенко: Заедно со Русија ќе му одговориме на Вашингтон за ИНФ

Од:

Русија и Белорусија ќе мора да разгледаат заеднички одговор доколку САД постави нуклеарни ракети со среден дострел во Европа, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Тој тврди дека таков чекор ќе биде неопходен во случај САД да почна да распоредуваат нови ракети по повлекувањето од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ). Доколку се случи такво нешто, тогаш заедно ќе размислиме за одговор, потенцира Лукашенко.

Русија на 2 февруари најави суспензија на Договорот за контрола на нуклеарното оружје од времето на Студената војна, откако САД соопштија дека се повлекуваат од Договорот, обвинувајќи ја Москва дека го прекршува истиот.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он