Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Украина распоредила повеќе од 120.000 војници долж границата со Белорусија и дека Минск распоредил речиси една третина од своите вооружени сили долж целата граница, објави државната новинска агенција Белта.

Тој не го прецизираше точниот број на распоредени белоруски војници.

Според податоците на Меѓународниот институт за стратешки студии од 2022 година, белоруската професионална армија има околу 48.000 војници и околу 12.000 членови на државната гранична служба.

„Гледајќи ја нивната агресивна политика, ја распоредивме нашата војска таму и ги поставивме на одредени точки долж целата граница. Во случај на војна, тие би биле одбрана“, рече Лукашенко во интервју за руската државна телевизија, пренесе агенцијата Белта.

Киев во саботата соопшти дека не забележал никакви знаци на трупање белоруски војници на границата.

Белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин во петокот изјави дека има големи шанси за вооружена провокација од соседна Украина и дека ситуацијата на нивната заедничка граница „останува напната“.

Лукашенко рече дека границата меѓу Белорусија и Украина е „минирана како никогаш досега“ и дека украинските војници ќе претрпат огромни загуби доколку се обидат да ја преминат границата.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ