Лукашенко тврди дека спречил обид за државен удар, наводно планиран од САД

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека го спречил обидот за државен удар и обидот за атентат врз него и неговото семејство, кои ги планирале САД и соопшти дека две лица се уапсени со помош на Москва.

Белоруската безбедносна служба (КГБ) синоќа соопшти дека во „специјална операција“ растурила „организирана терористичка група која планирала физичка елиминација на претседателот и неговото семејство“ и „организирање вооружен бунт за насилно преземање на власта“.

Според Лукашенко, Руската служба за безбедност (ФСБ) уапсила двајца белоруски државјани во Москва, и тоа политикологот Александар Федута и адвокатот Јуриј Зенкович-кој има и американско државјанство.

„Ја приведовме групата, тие ни покажаа како сè испланирале, јас останав нем. Тогаш откривме дека тоа е работа на разузнавачки служби, кои беа јасно странски, најверојатно ЦИА и ФБИ, рече Лукашенко во видеото објавено од претседателството.

Ниту Русија, ниту САД не ги коментираа тврдењата на Лукашенко, пренесува Бета.

Шефицата на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја, која е во Литванија, ги осуди провокациите на руските и белоруските безбедносни служби, во кои се вклучени државјани на Белорусија и на САД.

Лукашенко, кој е на чело на земјата од 1994 година, со месеци се соочуваше со протести на кои се оспоруваше неговиот реизбор за претседател на изборите во август минатата година.

Десетици илјади граѓани учествуваа на протестите неколку пати по улиците на Минск и другите градови пред тие постепено да се намалуваат по постојаната репресија од страна на властите. Повеќето лидери на опозицијата се затворени или принудени на прогонство.

И покрај европските и американските санкции воведени против Лукашенко и високи владини претставници, белорускиот претседател, поддржан од Русија, не покажува никакви знаци на отворање кон протестното движење, туку ја засилува репресијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија