Лукашенко стравува дека европскиот конфликт може да стане планетарен

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко стравува дека сериозниот европски конфликт може да прерасне во планетарен. Тој ова го изјави денеска, на проширениот состанок на националниот Совет за безбедност.

– Не дај Боже тој (сериозен европски конфликт]) да се претвори во планетарен. Но, не започна ни во 2014 година. Тогаш за првпат влезе во акутна вооружена фаза. Но, што му претходеше на ова?, праша белорускиот лидер, кој е најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Според Лукашенко, непочитувањето на безбедносниот систем од страна на Западот довело до сегашната криза.

– Апсолутно непочитување на безбедносниот систем од страна на Западот, израмнување на системот на контроли и рамнотежи, постигнато со тешкотии по распадот на Советскиот Сојуз. Деградацијата и амортизацијата на меѓународните договори доведоа до ескалација на воено-политичката ситуација во нашиот регион, оцени Лукашенко.

Тој додаде и дека Западот имал цел да ги испровоцира Белорусија и Русија.

– На сите им беше очигледно дека предусловите за конфликтот не исчезнаа, туку згора на тоа, Западот ги зајакна своите пристапи за милитаризација на регионот, ја вовлече украинската страна во оваа приказна со неостварливи ветувања за прием на земјата во Европската унија и НАТО, рече Лукашенко. – Тоа има само една цел – да нè испровоцира, пред сè Русија, смета белорускиот лидер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија