Лукашенко: Русија го почна трансферот на нуклеарно оружје на белоруска територија

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави дека започна трансферот на нестратешко нуклеарно оружје од Русија на територијата на Белорусија.

„Претседателот на Русија, Владимир Путин, ме информираше дека потпишал указ за нашите активности за распоредување на нуклеарно оружје во Белорусија. Значи, тоа е конкретен документ. Донесена е одлука која е продолжение на она што беше усно кажано. Требаше да се подготват места за складирање и во Белорусија и така натаму. Сето тоа го направивме, затоа е веќе започнат трансферот на нуклеарна муниција“, изјави Лукашенко во Москва, пренесе белоруската агенција „Белта“.

Процесот се одвива во рамките на договорот со Русија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

На прашањето на новинарите дали нестратешкото нуклеарно оружје веќе има во Белорусија, Лукашенко одговори дека ќе го разјасни прашањето по враќањето во републиката.

Би можело да ве интересира

Во секој момент знаеме каде се Путин и Пригожин тврди украинското разузнавање

Русија издаде налози за апсење на двајцата главни украински генерали

ВИДЕО: Путин ја обвини Украина за тероризам и се закани со одмазда

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Шефот на Вагнер го нападна Министерството за одбрана: Смрдливи бедници, што правите ?

Песков: Путин бил информиран за нападот

Ана Ололовска

Руски пратеник: Ова е најсериозниот напад врз Москва од Втората светска војна

Ана Ололовска