Лукашенко: Ниту една војна во минатото не нè одмина, а нема ни сега

Од:

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска изјави дека негова главна задача е да ги заштити Белорусија и нејзините граѓани од војна.

На средбата со активисти од регионот Витебск, Лукашенко истакна дека ситуацијата во светот постојано се влошува, дека има конфронтација меѓу геополитичките играчи, додека пандемијата на коронавирусот ја влоши целата ситуација, пренесуваат руските медиуми.

Лукашенко ги повика локалните претставници да го спречат повторувањето на настаните од 2020 година.

„Ниту една војна во минатото не не’ одмина, нема ниту сега. Не дај Боже да дојде до тоа. Затоа мојата задача е да ја спасам државата и народот од војна“, се наведува во изјавата на Лукашенко што е цитирана од неговата прес-служба.

Белорускиот претседател на средбата додаде дека треба да се посвети посебно внимание на прашањата за територијалната одбрана.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир