Лукашенко: Нема да потклекнеме на притисокот на Москва за обединување

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја обвини Москва денеска дека врши притисок врз неговата земја да се обедини со Русија и нагласи дека тоа нема да го дозволи.

Разговарајќи со работници на истокот на Белорусија, Лукашенко рече: „Ние имаме своја држава, ние сме суверена и независна“.

Со нашите мозоци и со рацете заработуваме што можеме, ја градиме нашата земја, рече претседателот на Белорусија и додаде: „Не можеме да бидеме дел од друга земја“.

Русија престана да доставува нафта на својот постсоветски сосед по 31 декември. Двете земји не успеаја да се договорат за цената на нафтата оваа година.

Руската суспензија не влијаеше на доставувањето нафта од Белорусија во Европа или на снабдувањето со природен гас, но има последици за Белорусија, која зависи од Русија со повеќе од 80 проценти од своите енергетски потреби.

Би можело да ве интересира

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина