Лукашенко нареди распоредување на припадници на десантната единица на границата со Полска

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко нареди распоредување на дополнителни припадници од десантната единица од Витебск во Гродно, а во врска со напнатата состојба на западните граници, објави белоруската државна новинска агенција „Белта“.

Говорејќи на состанок во Центарот за стратешко управување при Министерството за одбрана, Лукашенко изрази посебна загриженост поради вежбите на силите на НАТО во Полска и Литванија, пренесува БГНЕС.

„Затоа ќе побарам дополнителни сили (да бидат дислоцирани) и поради тензичната состојба на западните граници, припадници на десантна единица ќе бидат пренесени од Витебск во Гродно“, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир