Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека го предупредил основачот на платеничката група на Вагнер, Евгениј Пригожин дека неговите сили ќе бидат уништени.
„На половина пат ќе ве згазат како бубачки“, раскажа Лукашенко денеска, а пренесе белоруската државна новинска агенција Бета.
„Долго се обидував да го убедам. И на крајот реков: Знаеш, можеш да правиш што сакаш. Но, не ми се лути. Нашата бригада е подготвена да биде преместена во Москва“, рече Лукашенко.
Лукашенко, вели тој, му рекол на Пригожин:
„Оваа ситуација не ја засега само Русија. Не се работи само за тоа дека ова е наша татковина и дека, не дај Боже, овие немири би можеле да ја зафатат цела Русија, а предусловите за тоа беа присутни, ние ќе бидеме следни“.