Лукашенко: Целосно го поддржувам планот на Кина за решавање на конфликтот во Украина

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, сојузник на Москва, кој моментално е во посета на Кина, рече дека целосно го поддржува кинескиот план за решавање на конфликтот во Украина, кој беше обелоденет минатата недела.

„Белорусија активно води кампања за мировни предлози и целосно ја поддржува вашата иницијатива за меѓународна безбедност“, рече Лукашенко, цитиран од неговата прес-служба на состанокот со кинескиот лидер Си Џинпинг.

Во петокот, точно на првата годишнина од војната, Пекинг објави документ од 12 точки со кој ги повикува Москва и Киев на мировни преговори. Досега Москва и Киев не покажаа сериозна волја за преговори и внимателно реагираа на кинескиот предлог. Иако Кина сака да се позиционира како посредник во конфликтот, нејзината позиција како руски сојузник ја дисквалификува во очите на Западот.

Западните земји ја критикуваа Кина дека не ја осудува руската агресија, додека жестоко реагираа на неодамнешните тврдења на САД и НАТО дека размислува да и испрати оружје на Русија.

„Денешниот состанок се одржува во многу тежок период кој бара нови и невообичаени пристапи и одговорни политички одлуки. Нивната цел, пред сè, мора да биде избегнување на глобален конфликт кој нема да има победник“, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск