Лукашенко: Белоруските воени авиони се модифицирани и можат да носат нуклеарно оружје

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека белоруските воени авиони се модифицирани за да можат да носат нуклеарно оружје.

Тој рече дека надградбата била направена по неговиот состанок во јуни со рускиот претседател Владимир Путин, кој понудил реконструкција на белоруските авиони во руските фабрики.

Русија ја искористи територијата на Белорусија за да ја нападне Украина на почетокот на војната, а Москва и Минск одржуваат блиски воени врски.

Лукашенко ги предупреди САД и нивните сојузници да не ја „провоцираат“ Белорусија и додаде дека се „избрани цели“ за реакција доколку САД не го послушаат неговото предупредување.
Тој не прецизираше колку авиони се модифицирани. Кремљ засега не реагира на изјавата на Лукашенко.

Претходно оваа година, Лукашенко рече дека неговата земја би можела да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје таму доколку САД и нивните сојузници постават такво оружје во Полска и Литванија, членки на НАТО кои граничат со Белорусија.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир