ВИДЕО: „Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет во својата историја

Од:

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ вчера тргна на најдолгиот лет без застанување во својата историја, од Хамбург до Фокландските Острови, што е лет долг 13.700 километри.

Овој лет би требало да трае 15 часа и 35 минути, истакна портпарол на авиокомпанијата.

На летот во воената база Маунт Плезант се наоѓаат истражувачи од германскиот Институт „Алфред Вегенер“ и новиот екипаж на германскиот истражувачки мразокршач, Поларстерн.

Кога ќе се приземји на Фокландските Острови, екипажот ќе се префрли на мразокршачот, каде ќе помине два месеца на антарктичкото Веделово Море, собирајќи податоци за климатските услови.

Во нормални услови екипажот би патувал преку Аргентина или Јужноафриканската Република на Антарктикот. Но сега, поради пандемијата на коронавирусот редовните летови не се можни.

Пред заминувањето, патниците и екипажот на „Луфтханза“ поминале две недели во карантин.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД