ЛРЕМ- Републиката во движење претрпе пораз на парцијалните парламентарни избори

Од:

Портпаролот на француската Влада го минимизираше поразот на парцијалните избори од претходниот ден, каде ниту еден кандидат од партијата ЛРЕМ на претседателското мнозинство не успеа да влезе во вториот круг, јави дописникот на МИА.

Вчера во Франција се одржаа парцијални парламентарни избори во шест изборни единици, притоа ниту еден кандидат од партијата на Макрон не успеа да се најде во вториот круг. Без разлика дали се во Сена-Маритим, Ивлин, Реунион, Вал-де-Марн, Горна-Рајна или Мен-ет-Лоара, левицата и десницата се бореа за малкуте гласови гласачите кои излегоа на гласање (забележана беше апстиненција на околу 80 отсто од гласачите).

Запрашан за поразот на Републиката во движење, портпаролот на владата, Габриел Атал, сакаше да го минимизира поразот:

Тој за Франс Интер изјави дека апсолутно нема изненадување во резултатот од изборите.

-Ова се делумни законодавни избори што се одржаа во изборните единици кои беа упориште на социјалистите или на републиканците. Со исклучок на една, каде не победивме во 2017 година. Значи, не очекувавме особено да победиме денес каде не победивме во 2017 година, рече тој.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано