А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Лоши работи ќе се случат ако не се вратиме во Авганистан, вели Трамп

by А1он21/09/2025 - 20:29768
Share0

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му порача на Авганистан дека „лоши работи ќе се случат“ ако земјата не ја врати воздухопловната база Баграм на САД.

Добивај вести на вибер

– Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградиле, а тоа се САД, лоши работи ќе се случат – рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Трамп претходно изјави дека разговарал со авганистанските власти за повторно преземање на контролата врз воената база Баграм, клучен објект што го користеле американските сили за време на војната во таа земја.

– Не требаше да го напуштиме Авганистан, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа, коментирајќи го повлекувањето на американските сили од базата во 2021 година, што им овозможи на Талибанците да ја преземат контролата, пренесува Ројтерс.

Изјавата дојде еден ден откако Трамп, за време на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер, рече дека САД сакаат да ја вратат контролата врз базата, што беше клучна точка за американските операции по нападите од 11 септември 2001 година.

Воздухопловната база Баграм, која се наоѓа северно од Кабул, беше најголемиот американски воен објект во Авганистан и стратешка точка за воздушни и логистички операции за време на дведецениската војна.

Сепак, авганистанските власти ја отфрлија идејата за обновено американско воено присуство.

„Авганистан и САД треба да соработуваат, но без какво било американско воено присуство на наша територија“, изјави претставникот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Закир Џалал, во објава на мрежата X.

„Волстрит џурнал“ претходно објави, повикувајќи се на добро информирани извори, дека САД се во преговори со Талибанците за повторно воспоставување на американско воено присуство во воздухопловната база Баграм во Авганистан, за да ја користат како појдовна точка за антитерористички операции.

Разговорите вклучуваат враќање на американските специјални сили во ограничен капацитет во воздухопловната база Баграм, договор за размена на затвореници, можен економски договор и безбедносна соработка.

avganistanbagramsadtramp

Би можело да ве интересира

Зеленски: Виткоф и Кушнер „поминуваат премногу време“ со Путин и многу му веруваат

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 08:5009/04/2026 - 09:47

ВИДЕО: Иран повторно го затвори Ормутскиот тесенц по нападите на Израел на Либан

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 08:43

Нов Зеланд бара од САД танкери со гориво поради војната на Блискиот Исток

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:35

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:35

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:21

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто