Лос Анџелес ја избра првата жена градоначалник

Од:

Градот Лос Анџелес ќе ја има својата прва жена градоначалник, по изборот на Карен Бас, предвидуваа синоќа американските медиуми.

Бас го победи Рик Карузо, милијардер во областа на недвижнини, во трката за наследник на Ерик Гарсети, објавија Ен-Би-Си и Си-Ен-Е.

– Ова е мојот дом, и со целото мое срце јас сум подготвена да служам, напиша Бас на Твитер ветувајќи дека од првиот ден ќе почне со напорна работа.

Кога Бас ја најави својата градоначалничка кампања во септември минатата година, таа рече дека главен приоритет ќе биде справувањето со кризата со бездомниците во Лос Анџелес, вториот најнаселен град во САД.

Бас, која беше претседател на државното собрание пред да биде избрана во американскиот Конгрес, беше ко-основач на Коалицијата на заедницата, непрофитна организација во Јужен Лос Анџелес, фокусирана на социјални и економски прашања.

Таа беше и во потесниот избор на американскиот претседател Џо Бајден за потпретседател во 2020 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ранети лежеа на улица“: Пукање во Лос Анџелес, тројца мртви 12 повредени

22 годишниот рапер убиен во затвор: Избоден неколку пати во вратот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Околината на Лос Анџелес ја погоди најсилното торнадо во полседните 40 години

Посилен земјотрес го погоди Лос Анџелес и ги разбуди граѓаните

А1он

Четворица затруени со гас на аеродромот во Лос Анџелес, едно лице во критична состојба

Пожари во близина на Лос Анѓелес и во рурални области на Калифорнија