Лонсдејл: Климатските промени придонесоа за катастрофата на Вануату

Од:

Хуманитарните агенции денеска соопштија дека ситуацијата на Вануату по циклонот е најтешка со која се соочиле и оти стравуваат од ширење на заразата, додека претседателот на островската држава во јужен Тихи Океан изјави дека климатските промени придонеле за катастрофата.

– Климатските промени придонесоа за катастрофата на Вануату, истакна претседателот Болдвин Лонсдејл и побара помош од меѓународната заедница за обнова на земјата по циклонот Пам.

Авиони со хуиманитарна помош постојано пристигнуваат во главниот град Порт Вила откако тропскиот циклом во петокот вечерта го погоди архипелагот, а ветерот се движеше со брзина и до 320 километри на час.

Директорот на организацијата Оксфам за Вануату, Колин Колет ван Ројен изјави дека под итно треба да се реши недостигот на чиста вода, привремени тоалети, таблети за прочистување на водата и хигиенски прибори.

– Над 100.000 луѓе останаа без домови, сите училишта се уништени, центрите за евакуација се полни, а оштетени се здравствените институции и мртовечниците, посочи Ројен.

Според официјални податоци во Порт Вила 90 проценти од куќите се оштетени, загинале шест, а над 30 луѓе се повредени.

Директорот на организацијата Спасете ги децата за Вануату, Тон Скиров изјави дека ситауацијата е полоша од состојбата на Филипини по супер тајфунот Хајан во ноември 2013 година, кога настрадаа или исзезнаа над 7.350 луѓе, а беше уништена површина со големина на Португалија.

Шефицата на канцеларијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за Пацификот, Аурелија Балпе истакна дека хуманитарните агенции се соочени со голема задача.

– Мислам дека ова, најверојатно, ќе биде најголема катастрофа на Пацификот со која некогаш сме се соочиле. Мислам дека никогаш немало толкава штета на едно место, наведе Балпе.

Лидерите на Австралија, на Велика Британија, на Нов Зеланд и на Европската унија ветија помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска