Лондонски медиуми: Саркози бега од Франција заради данокот на Оланд

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози би можел да се пресели во Лондон и таму да основа инвестициски фонд вреден повеќе од милијарда фунти за да избегне рекордна даночна стапка од 75 отсто во својата држава, објавуваат британски медиуми.

Детали за планираното преселување во Велика Британија пронајдени се за време на полициска рација од минатиот јуни во неговиот стан во Париз.

Дејли меил наведува дека Саркози и неговата трета сопруга – карла Бруни, веројатно ќе се доселат во Саут Кенсингтон, богат кварт во Лондон. Саркози моментно е под истрага заради корупција во Франција.

Документите се запленети неколку недели откако Саркози загуби имунитет по поразот од социјалистичкиот ривал Франсоа Оланд на претседателските избори одржани во мај.

Сајтот Медиапарт објави дека „првиот нацрт од лондонскиот план“ бил пронајден од полицијата во компјутер на Саркози.

Тој е сведок и во т.н. афера Бетанкур во која се товари дека финансирал своја изборна кампања во 2007 година со илегални донации од сопственичката на Лореал, Лилијан Бетанкур – најбогатата жена во Франција. Против него има повеќе истраги. Во една од нив е поврзан со продажба на оружје за Пакистан, а во друга – наводно користел пари од француски даночни обврзници за да плаќа на пријатели да работат истражување на јавно мислење.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз