Лондон: Рускиот тајкун Перепилични најверојатно бил отруен

Од:

Пребегнатиот руски тајкун Александар Перепилични, кој почина во Лондон во 2012 година под не до крај разјаснети околности, најверојатно бил жртва на нарачано убиство за да се прикрие тајната шема за перење пари, под закрила на руските власти, соопштено е во текот на британската истрага на судијата-коронер.

Перепилични им помагаше на швајцарските истражни власти, како „свиркач“ во истрагата што се водеше за корупцијата на руски функционери и за дејствувањето на „криминалниот синдикат“ за измами, што прв ја покрена сега починатиот московски антикорупциски адвокат Сергеј Магнитски.

Пред три години Перепилични (44) се онесвестил додека џогирал околу својата вила во реонот на Сари, југозападно од Лондон. Набргу потоа, тој почина, а истрагата на локалната полиција заклучи дека „нема ништо сомнително“ во неговата смрт, објаснувајќи дека станува збор за срцев удар.

Подоцнежната експериза за причините на смрта, покрената во текот на истрагата на судијата коронер, навестува дека рускиот тајкун по се изгледа бил отруен од платен убиец со користење екстракти од смртоносното растение „гелселиум“. Хемиски супстанци се најдени во стомакот на починатиот, а тие според експертите, сите се сврзуваат само со ова мошне отровно растение.

Ботаничарски експерти, што ги ангажирал адвокатот кој го застапува Русинот во истрагата, објаснуваат дека станува збор за растение кое вирее само во одалечените реони од Кина и се користи како оружје за труење од кинеските и руските платени убијци.

Перепилични побегна од Русија во Велика Британија во 2009 година, а од следната година почна да сорабтува во истрагата на швајцарските власти за „валканите и криминални“ пари кои се „переа“ преку сметките на руски државјани во банките во Швајцарија.

По неговата ненадејна смрт во Лондон, се раширија гласини дека тој станал цел за атентат по бегството од Москва и соработката во истрагата за шемата за тоа како се перат парите од корупција и даночни измами во Русија.

Александар Перепилични е четвртиот, чија смрт се поврзува со случајот на рускиот адвокат Магнитски, за кого на Западот се верува дека е убиен додека беше во истражен затвор во Русија.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство