Лондон против планот на ЕК за квота за распределување на имигрантите од Средоземното Море

Од:

Официјален Лондон е против планот на Европската Комисија (ЕК) за определување квота, според која земјите членки на ЕУ ќе ги примат како азиланти, имигрантите од Средоземното Море.

Со овој план Брисел се обидува да ја разреши сегашната тешка криза со бегалците и илегалните имигранто од земјите на Африка и Блискиот Исток, кои преку Либија, користејќи го тамошниот хаос и безвластие, се префрлаат преку Медитеранот до европскиот брег.

Бегалци од воените жаришта и економски имигранти од сиромашните африкански држави, во Либија стануваат жртви на шверцерите на луѓе кои им земаат по илјада долари, ветувајќи им превоз преку морето.

Но превозот се одвива со несоодветни и најчесто пренатрупани бродови и поголеми чамци, кои во услови на лошо време и поголеми бранови се превртуваат и потонуваат, носејќи ги во смрт несреќните луѓе.

Повеќе од 1800 лица се удавија во водите на Медитеранот, само во првите четири месеци годинава, а оние кои пристигнале до бреговите на Италија и Малта, сега се предвидува да бидат распределувани „солидарно„ низ земјите членки на Унијата.

Според замислата на ЕК, квотата ќе се распределува според бројот на жителите на една земја, нејзината економска состојба и финансиските потенцијали, како и сметајќи го бројот на азилантите кои претходно се примени и се најзината територија.

Велика Британија која веќе води „битка“ со Брисел околу напливот на имигранти од источните земји во ЕУ и од државите во Комонвелтот, смета дека таа има и премногу азиланти на својата територија.

Владата во Лондон се повикува на податоците на Евростат, кој покажуваат дека во 2014 година, Британија водела грижа за 14 илјади азиланти.Британците инсистираат дека станува збор за виско бројка, споредувајќи го со податокт дека само на британска почва има повеќе азиланти отколку во 17 други земји од ЕУ- заедно.

Во оваа група се Шпанија,Полска,Грција, Кипар, Португалија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, трите балтички држави, Финска, Словенија, Хрватска, Ирска и Луксембург. Во истиот овој период,сите овие земји заедно, примиле 12.900 азиланти.

Во Лондон се изразува незадоволство што ЕК планира на Велика Британија да и „додели„ уште десет илјади имигранти, од Медитеранот и се критикува „недозволивото однесување„ на некои од големите земји во ЕУ кои не примаат повеќе од по неколку стотини азиланти.

Шпанија која има население од 46 милиони, досега има примено само 1600 азиланти, додека Полска со своите 38 милиони, примила 740 луѓе.Ирска има 495,а Португалија, сега има само 60 азиланти, наспроти 145 во минатата година.

Германија има најмногу азиланти на својата територија – 47 илјади.По неа следува Шведска со 33 илјади, па Франција и Италија, со по 20 илјади азиланти. 

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ