Лондон: Нема логика да продолжиме да преговараме со ЕУ ако Брисел не ја смени позицијата

Од:

Официјален Лондон денеска повтори дека „нема логика“ да се продолжат преговорите за трговски договор со ЕУ по брегзит, доколку нема промена на позицијата во Брисел. Во исто време главниот преговарач на Унијата Мишел Барние изјави дека е подготвен да ги продолжи преговорите засновани врз законски текстови.

– Нема смисла да се продолжуваат преговорите. Се додека ЕУ се држи до својат став, таквите разговори немаат смисла, изјави британскиот министер Мајкл Гоув, одговорен за координација на активностите на Владата во Парламентот. Тој додаде дека „на самитот на ЕУ минатата недела не оставена никаква основа за постигнување договор”.

Во телефонски разговор, Барние денеска го инфромира својот британски колега Дејвид Фрост дека ЕУ останува „на располагање“ за да разговара за односите по брегзит, врз основа на „законски текстови“ и да чека да одговори Лондон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска