Лондон ќе стационира авиони на Кипар за евентуална мисија во Ирак

Од:

Британски борбени авиони од типот „Торнадо“, опремени со специјални радари, ќе бидат стационирани во базата „Акротири“ на островот Кипар, со цел евентуално да бидат употребени во операциите за пружање помош на христијаните во северен Ирак, соопшти  британската Влада.

Ловците се очекува да полетаат од воздухопловната база „Норфолк“. Авионите ќе бидат употребени за изведување поефикасна контрола врз реоните во кои ќе бидат доставувани хуманитарните пратки.

Во британската база „Акротири“ на Кипар минатиот викенд веќе пристигнаа два транспортни авиони „Ц-130 Херкулес“, што беа употребени за доставување хуманитарна помош во реоните од северен Ирак каде илјадници луѓе бараат спас од џихадистите.

Британската Влада прецизира дека мисијата на авионите не претставува воена интервенција во Ирак и дека тие ќе бидат искористени доколку се укаже потреба од поддршка на хуманитарната операција во оваа блискоисточна земја.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Силен земјотрес го погоди Кипар

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски