Лондон ја откажа прославата на Нова година на Трафалгар сквер поради омикрон

Од:

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан објави дека ја откажува планираната новогодишна прослава во британската престолнина поради драстичното зголемување на бројот на заразени со новиот, омикрон сој на коронавирусот.

– Поради рекордното ниво на инфекции со Ковид-19 во нашиот град и во Велика Британија, решен сум да направам се што е можно за да го забавам ширењето на новиот вид и да се погрижам нашите здравствени служби да не бидат преоптоварени оваа зима, изјави синоќа Кан.

Тој додаде дека тоа значи дека градот нема да организира прослава со 6.500 луѓе планирани на Трафалгар сквер за Нова година.

– Ќе биде разочарувачки за многу граѓани на Лондон, но мора да преземеме добри мерки за да го намалиме ширењето на вирусот, истакна Кан..

Со ова Лондон го следи Париз, кој во саботата објави дека ги откажува огнометите и концертите планирани на Елисејските полиња, како и Мароко, кој забрани организирање на собири и воведе полициски час од полноќ до шест часот наутро.

Според британските власти, во земјата најмалку 14 лица заразени со сојот омикрон на Ковида-19 починале, а 129 се хоспитализирани.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот