Најмалку две лица загинаа, а 10 се повредени кога талибанците отворија оган врз демонстрантите кои го вееле национално, авганистанско знаме во Џалалабад, петтиот по големина град во Авганистан.
Според локалната новинска агенција Паџвок Авган њуз, талибанците отвориле оган кон луѓето кои протестирале и се обиделе да го постават авганистанското знаме на објект на локалната власт.
Според локалните медиуми, талибанците употребиле физичка сила и кон новинарите кои професионално го следеле протестот.