Локализиран пожарот во рускиот воен објект во близина на границата со Украина

Од:

Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот во зградата на руското Министерство за одбрана во Белгородската област, изјави вечерва гувернерот Вјачеслав Гладков.

„Откако пожарот е локализиран, почнуваме да ги отстрануваме последиците“, напиша тој на својот профил на Телеграм, пренесува ТАСС.

Тој најави дека утре ќе излезе на лице место со работна група за проценка на штетите, преземање мерки и започнување со реконструкција.

Во пожарот е повредено едно лице, а оштетени се седум околни куќи.

Областа Белгород е на југот на Русија, на границата со Украина.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници