Џенифер Флауерс (63), благодарејќи на 12 години долгата афера со Бил Клинтон, стана една од најпознатите американски љубовници. Дваесет години после раздвојувањето таа би сакала да седне и да поразговара со поранешниот американски претседател.
Во интервју за МаилОнлајн, таа вели дека длабока жали што пред осум години го одбила повикот на Бил да поразговараат, а верува дека би останале двојка до денес да не било раѓањето на ќерката на Клинтон.
– Имаме некои нерешени прашања и би било убаво да се седне и да се поразговара за нив. Тој беше љубовта на мојот живот и јас бев љубовта на неговиот живот, и такво нешто не се заборава, вели Флауерс.
Во интервјуто рече дека Бил и рекол дека е свесен оти Хилари е бисексуалка, но дека не му е грижа. И рекол дека Хилари имала повеќе жени во животот од него.
Сепак, и покрај нивните улоги на љубовница и сопруга, Џенифер и даде поддршка на Хилари кога се кандидираше за претседател на САД.