Бројот на загинати во лизгање на земјиштето во градот Алауси на Андите во Еквадор се искачи на 23, а потрагата по исчезнатите продолжува. Инцидентот се случил во неделата вечерта во дел од градот кој се наоѓа во провинцијата Чимборазо. Според официјалните податоци, од лизгање на земјиштето биле погодени околу 850 лица, а уништени се 57 згради.
Бројот на загинати постепено се зголемува бидејќи спасувачките служби добиваат пристап до домовите кои беа покриени со големи количини земја. Најмалку 67 лица се уште се сметаат за исчезнати, а 38 лица се повредени.
Еквадорската агенција за катастрофи уште во февруари предупреди на опасност од лизгање на земјиштето во областа Алауси од 247 хектари.
Властите во петокот издадоа слични предупредувања за областите во другите провинции на Андите поради ризикот од поплави и лизгање на земјиштето.