Литвански функционер ја предлага Меркел за Нобелова награда за мир

Од:

Заменик шефот на Одборот за надворешна политика при литванскиот Парламент, Емануелис Цингелис има намера да предложи на германската канцеларка Ангела Меркел да и се додели Нобелова награда за мир, поради нејзините напори за прекин на огнот во Украина.

Ова за еден весник од Билефелд го изјавил претседателот на Одборот за надворешна политика при Европскиот парламент, Елмар Брок, додавајќи дека ваквата идеја телефонски му ја открил токму Цингелис.

Цингелис, чија мајка го преживеала холокаустот, му се јавил на Брок и му кажал дека првпат во животот имал потреба да каже „Благодарам Германија“.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени