Литванија вчера одлучи од здравствени причини да забрани продажба на енергетски пијалоци на лица помлади од 18 години, со што направи преседан во Европската унија.
За оваа мерка, која треба да стапи во сила во ноември, гласале 88 од 96 присутни пратеници на литванскиот Парламент, а осум беа воздржани.
Литванското Министерство за здравство соопшти дека оваа забрана претставува преседан во ЕУ.
Забраната би можела негативно да се одрази врз производството на газирани пијалоци во оваа држава со три милиони жители, која во 2004 година стана членка на Унијата.