Маж со голема патна торба дошол до влезот на Универзитетот во Виљнус во Литванија и се заканил дека ќе активира експлозив, пренесуваат локалните медиуми.
Според наводите во тек се преговори помеѓу полицијата и човекот. Инаку поради претпазливост се евакуирани зградите кои што се наоѓаат во непосредна близина на Универзитетот во Виљнус.
Е.Г.