Литванското Министерство за одбрана дистрибуирало брошури во училиштата, кои содржат совети до граѓаните како да реагираат во случај на започнување на војна.
-Бидејќи Русија ја нападна Украина, нашите граѓани започнаа да прашуваат што да прават доколку се случи слична ситуација и во Литванија – изјави министерот за одбрана Јуозас Олекас.
Иако во брошурата Русија не се споменува директно како агресор, Олекас рече дека прирачникот е напишан поради руската воена интервенција во Украина.
Инаку во 2.000 примероци кои што им се поделени на средношколците, граѓаните се советуваат во случај на окупација на државата да стапат во штрајк и намерено лошо да работат.
Брошурата која што содржи 98 странци има совети и за тоа како да постапат граѓаните во случај на природни катастрофи, големи несреќи и терористички напади.
Е. Г.