Литванија целосно ја враќа задолжителната воена служба, која беше времено воведена во 2015 година, јави ТАСС.
Ваквата одлука следи откако претседателката Далија Грибаускаите денеска го потпиша декретот со кој го одобри решнието на литванскиот парламент.
Така литванските вооружени сили ќе имаат комбиниран модел кој вклучува регрутна и професионална армија.
– Овој систем ја зацврстува врската меѓу општеството и армијата, дава можност подобро да се запознае потребата од подготовка за одбрана во земјата – изјави Грибаускаите.
Се предвидува секоја година во воената служба да се регрутираат 3.500 до 4.000 нови војници.