Лисенко: Руски тенкови и ракетни системи ја минале границата со Украина

Од:

Повеќе од 20 руски тенкови и 10 ракетни системи, заедно со автобуси полни со борци, ја пресекле украинската граница и се упатиле кон Новоазовск, град што го контролираат сепаратистите источно од стратегиското југоисточно пристаниште Мариупољ, пренесоа британските медиуми.

– И покрај договорот од Минск, во последните денови се забележува внесување воена техника и муниција од Русија во Украина, информира портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко.

„Повеќе од 20 тенка, 10 ракетни системи и 15 камиони навлегле во правец на Новоазовск“, рече Лисенко и дополни дека автобуси, полни со борци, исто така, се забележани како ја пресекуваат границата во оовј регион.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“